Тројца убиени, 5 тешко повредени во студентски кампус во Мичиген

Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг.



„Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука“, соопшти Крис Роузман, в.д. началник на полицијата во кампусот.

Според него, дел од повредените се во критична состојба.

Напаѓачот побегнал, а вбо потрагата по лицето – за кое се вели дека бил афроамериканец, со низок раст, облeчен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол ка се вклучиле стотина полицајци.

Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил и неговото тело е пронајдено на околу 4 километри од областа на универзитетот.

Мотивите за нападот засега остануваат нејасни.