За справување со енергетската криза предизвикана од војната во Украина и од санкциите против Русија државите од Европа за една година издвоија безмалку 800 милијарди евра, јави Ројтерс.



Од оваа сума, најголем дел отпаѓа на Германија (270 милијарди евра) и на Велика Британија (103 милијарди евра).

Најголем дел од средствата се насочени кон намалување на малопродажните цени на горивата и на електричната енергија.

Значителен дел од трошоците се должи на префрлувањето на Европа од руски на американски гас, кој на крајот на минатата година на европските купувачи им се продаваше 4 пати поскапо отколку на домашниот пазар на САД.