Претставник на Институтот за национална историја во Комисијата за изготвување на нова класификација на научните и образовните области и полиња според Фраскатиевата меѓународна класификација, има внесено предлог наместо Македонија во историските научни области да стои „Северна Македонија“, тврдат извори на Експрес.мк.
Според истите извори, Албанците побарале да има област Историја на Албанскиот народ.

Според досега изготвената верзија на комисијата, воопшто нема област историја на македонскиот народ, а ако се прифати предлогот наместо „Историја на Македонија“ во средниот век, во новиот век и така натаму би станало „Историја на Северна Македонија во средниот век“ и т.н.
Предлогот изгледа е даден од името на ИНИ, но работниците во ИНИ не знаат за него. Иако бил одбиен од Комисијата, сепак утре ќе се одржи седница специјално за овој предлог – од 10.00 часот на Земјоделски факултет – Скопје.
Овие предлози дополнително целат да ја модифицираат македонската историја како регионална и географска наспроти националните истории на соседите.



