Kандидатот за министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу, бил советник на поранешниот премиер, Никола Груевски.



Тоа е наведено во неговата биографија, во која, меѓу другото, Алиу навел дека од 2013 до 2017 работел како советник за високо образование, наука и ИКТ во кабинетот на премиерот на Македонија, пишува „360 степени“.

То стои и во биографијата на предложениот Алиу што премиерот Ковачевски ја поднесе до Собранието.

Од друга страна, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во повеќе изјави во последно време зборува дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и останата во времињата на Никола Груевски.

Таравари тоа го споменува и во вчерашната реакција дека „оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите“.

Порталот понатаму пишува дека „по доаѓањето на СДСМ на власт, Владата на Зоран Заев обелодени дека Груевски во периодот од 2010 до 2016 година имал вкупно 91 советник, за што се трошеле по најмалку 1,73 милиони евра годишно.

На списокот на советници на Груевски, објавен во мај 2018 година, името на Азир Алиу е наведено прво.