Професорката на правниот факултет во Скопје Јустинијан Први, Ана Чупеска Станишева не се откажува од јавната поддршка на налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор.
Цели 24 часа откако Професорката на правниот факултет во Скопје ставила лајк на идејата за апсење на стотина Македонците како новинари таа не ја повлекува поддршката за бизарната идеја без судење да се стават во затвор стотина новинари.

Предходно Телма и Алфа беа нападнати од премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Засега не реагираат ни ЗНМ, ни Владата ниту Правниот факултет во Скопје.
Професорката Чупеска која важи за еден од главните апологети на власта а која доаѓа од високото образование ставила знак допаѓање на статус на новинарот Бранко Тричковски кој смета дека стотина македонски новинари треба да бидат лишени од слобода и ставени во затвор.
На Тричковски со оглед на неговата тешка состојба веќе никој не му забележува но шокантно е што професорката од Правниот факултет Чупеска Станишковска која треба да се води од правото јавно да заговара апсење на стотина македонски новинари меѓу кои се Снажана Лупевска, Оливера Трајковска, Горан Момироски, Драган Милосављевиќ и многу други.
,,Јас можам да наведам имиња на дваесетина, не повеќе новинари, кои се чисти. Типот што е приведен не е меѓу нив. Не е ниту Кикифрики. Кој со презумпција на полициската и обвинителска вина отишол да го брани малото скотче со големи скотилаци. Па уште му се јавил и на министерот. Горанчо денеска требаше да наполни десет години в затвор, а Геро да го лепи петстотиот број на зидниот весник ШПИЦ АПС. Во новиот затвор во Струга. Алфа требаше да биде новото крило на КПД “Идризово”, а Телма, занаетчиски и рекреативен центар за затворените измамници и злосторници од областа на новинарството. А ЗНМ требаше да биде елиминиран како сервисен центар на злото”, вели во статусот на кој Чупевска ставила знак допаѓање (like) и со тоа ја поддржала идејата за апсење на стотина новинари.
Таа ја поддржува идејата новинарите кој не му се допаѓаат на Тричковски а кои доаѓаат од Телма и Алфа да бидат елиминирани. Предходно овие две телевизии беа директно нападнати од премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
,,Македонија мора да најде начин да ја порази Групата Вагнер во медиумите. Да му го свие вратот на нивниот Пригожњи, а вагнеријанската пешадија и нивните специјални единици да ги елиминира. Правно, морално, професионално, еснафски, административно. Луѓе сме, нема да се тепаме”, стои во статусот кој го поддржува Чупеска.
Првична вест





