Пет лица се повредени при судир на авион и автобус на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, јавува Си-Би-Ес.



Инцидентот се случил ноќеска нешто по 22 часот кога авион А321 на Американ Ерлајнс се извлекувал од хангар на паркингот, а автобусот превезувал патници меѓу терминалите.

Од петте повредени, четворица се пренесени во локалните болници, меѓу кои и возачот на шлеперот кој го влечел авионот.

Возачот на автобусот и двајцата патници исто така се хоспитализирани и се во добра состојба.

Во авионот имало само едно лице.

Автобусот заврши со скршено ветробранското стакло …