Неидентификуван летечки објект кој бил на голема височина бил урнат синоќа нешто пред 20:00 часот по средноевропско време над Алјаска, потврди Белата куќа.
Портпаролот Џон Кирби соопшти дека објектот бил „со големина на мал автомобил“ и бил над ретко населена област кога се урнал.
„Ова го нарекуваме објект бидејќи тоа е најдобриот опис што го имаме во моментов. Не знаеме кој го поседува – дали е во државна или корпоративна или приватна сопственост, едноставно не знаеме“, рече Кирби. .
„Претседателот Џо Бајден донесе одлука за уривање на објектот од непознато потекло“, рече Кирби.
„Објектот“ над Алјаска се движел на височина малку поголема од 12.000 метри и можел да претставува закана за цивилните авиони. Тој додаде дека површината на остатоците од овој нов објект е „многу, многу помала од балонот соборен минатата недела во близина на брегот на Јужна Каролина“.
Разузнавачите во четвртокот вечерта го отркриле „објектот“ над територијата на САД и дека борбен авион се приближил до објектот и проценил дека е беспилотен, како и дека оваа информација му била пренесена на Бајден пред одлуката за негово рушење.
Минатата сабота, САД соборија кинески балон над своите територијални води, чија големина според американските власти беше проценета на приближно три автобуси.
Објектот кој вчера беше урнат, од Белата куќа се уште не се нарекува балон и не и се припишува на Кина или на некој друг.







