Засилувањето на албанскиот фактор во Македонија не е во интерес на Бугарија, смета бугарскиот аналитичар Крстев

Наспроти спротивното мислење кај значителен дел од јавноста во двете земји, бугарскиот новинар и меѓународен аналитичар Николај Крстев смета дека засилувањето на влијанието на албанскиот фактор во Македонија со влезот на Алијанса за Албанците во Владата не е во интерес на Бугарија.



„Владината коалиција во земјата се проширува, влегува уште една албанска партија – Алијанса за Албанците. Според секаква веројатност, тоа ќе помогне во зголемувањето на бројот на пратениците во македонскиот парламент кои ќе ги прифатат Бугарите во Уставот како елемент во нивниот највисок законодавен акт. Но, со тоа ќе се создадат внатрешни тензии, зошто сè повеќе почнува да се зборува дека албанскиот фактор го засилува своето влијание во македонскиот политички живот. Тоа не е во интерес на Бугарија. Во интерес на Бугарија е да има една стабилна, европска Македонија, која што ќе биде до Бугарија и Бугарија и Македонија да одат заедно напред. Секое спротивставување го отвора патот за зголемување на влијанието на Србија во Македонија. За нас е лош проект ако ние сметаме на тоа да ги притискаме нашите југозападни собраќа во таа насока“, изјави Крстев за телевизијата Евроњуз Бугарија.