Ивановска: Уште минатата година укажавме што треба да поправи Мојсоски – ништо не е спроведено

Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако имал законска обврска. Ова го посочува претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска во гостувањето во Топ тема на Телма телевизија за директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсоски.



–  Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенција за млади и спорт. Причините за ваквата одлука ги посочивме и се јасни. Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако за тоа има законски обврски. Уште минатата година му укажавме што треба и што фали за да се поправи. Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја да се направи нешто. Нема финаниски извештај, тој е само наративно напишан, и во ревизијата е утврдно дека не ги содржи потребните детали. Наликува на земав, потрошив и толку – објаси Ивановска.

Претходниве денови беше објавено дека ДКСК достави иницијатива до јавното обвинителство за кривично гонење на директорот на АМС, Мојсоски и членовите на централната комисија поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. 

–  Со директорот не е разговарано по одлуката за иницијатива за кривично гонење, директно на темата, она што тој го споедели во медимите, дека ние имаме нешто лично против него, не е воопшто точно. Минатата година му кажавме што треба да преземе, во законот стои дека секое одговорно лице треба да работи одговорно, објективно и совесно со буџетот, и укажавме како треба да се поправи, но тој не презема ништо. Ревизиоскиот извештај треба да бидат репер за работењето на една институција.. тој треба да ги испита сите детали од работењето на една институција, и тој е репер за нечија работа, а нивниот извештај покажува многу недостатоци – потенцира Ивановска.

Воедно претседателката дополни дека фактот што не може со докази да потврди како се потрошени парите од институцијата упатува на манипулации.