Шефот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски се соочува со кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување за назначувањето на шеф на внатрешна контрола во агенцијата без полиграфски тест.
На предлог на Милошевски кој знае дека Костов нема поминато полиграфско тестирање денеска собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање се согласи со предлогот од АНБ Миле Костов да раководи со организациската единица за внатрешна контрола на Агенцијата во наредните шест години.
Милошевски пред членовите на комисијата презентирал дел од биографијата на Костов, кој според него е дипломиран правник со 28-годишно искуство во контраразузнчката служба со „исклучителен придонес во заштитата на националната безбедност, учесник на голем број обуки во земјава и во странство“.
Милошевски во своето излагање според официјалните информации не кажал дека Костов не минал проверка на полиграф.
Порталот МКД.мк попладнево објави дека
меѓу членовите на комисијата била проширена и инфромацијата дека Костов нема поминато полиграфско тестирање, дека неговата сопруга е вработена во британската амбасада и дека за 11 месеци треба да се пензионира, а мандатот на ова раководно место е шест години.
Тоа што Костов не е проверен преку полиграфско тестирање значи дека тој може да соработува со ривалски служби како руската, со криминални и нарко организации а врвот на АНБ да не може да го провери.
Со кривично дело се соочува и екс директорот на АНБ Виктор Димовски кој го примил на работа Костов пред три години знаејќи дека нема поминато полиграф.
Според законот за АНБ сите вработени во агенцијата мора да имаат минато полиграф.
Според правни експерти со првата плата која што Костов ќе ја прими како шеф на одделот за внатрешна контрола директорот на АНБ Зарко Милошески ќе предизвика штета по буџетот на РМ со што се квалификува за еден од ставовите во член 353 од Кривичниот законик каде се гони злоупотреба на службена должност и овластување.
Милошоски е еден од луѓето кои учествуваа во процесот на издавање на македонски пасош на рускиот шпион Онишченко по што стана директор а тој лично унапреди уште двајца функционери на АНБ кои биле дел од шемата за издавање македонско државјанство на човекот на Путин.






