Бомба од Втората светска војна неочекувано експлодирала синоќа околу 20 часот по средноевропско време во Грејт Јармут, град во Британија додека експертите се обидувале да ја деактивираат.



Се претпоставува дека има стотици или дури илјадници неексплодирани бомби од Втората светска војна кои лежат неоткриени ширум светот, а експертите за експлозиви ги деактивираат овие бомби

Британските служби за итни случаи и агенции јавија за инцидентот откако бомбата тешка 250 килограми неочекувано експлодирала.

На социјалните мрежи луѓе објавија дека почувствувале како зградите се тресат на 24 километри од местото каде била пронајдена бомбата.

За „непланирана“ детонација фицијалните лица подоцна информираа дека никој не е повреден.

Официјалниот твитер на полицијата во Норфолк објави твит во кој го сподели видеото од експлозијата.