Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.700 и може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради.
Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.
Оттогаш спасувачите се тркаат со времето, но со секој час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините. Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.
Серија нови земјотреси утрово и во текот на ноќта се почувствувани во Турција и Сирија. Двајцата најсилни беа со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, што ја отежнува работата на спасувачите но и на оние кои се уште чекаат да бидат извлечени. .
Од земјотресите погодени се 13 и пол милиони, станува збор за површина од околу 100 илјади квадратни километри.
Во текот на денот пристигнаа првите проценки, според кои се верува дека под урнатините би можеле да бидат затрупани околу 180 илјади луѓе, објави турски новинар.
Бидејќи бројот на загинати во Турција и Сирија надминува 21.000, земјотресот сега означи ужасна пресвртница – се рангира меѓу 10-те најсмртоносните земјотреси во изминатите 20 години.






