Новинарот Бранко Героски објави дека од страна на полициски службеници бил избркан од зградата каде МВР врши претрес на станот на сопственикот на порталот Доказ Марјан Стаменковски.
,,Кај Марјан Стаменковски претресот дома се уште трае. Полицијата ми нареди да ја напуштам зградата. Со оглед на фактот дека претресот се врши во станот а не во целата зграда, мислам дека ова е пречекорување на овластувањата на полицијата. Патем речено, јас од полицијата и истражителите не барам никакви информации, ниту ја загрозувам постапката. Јавноста има право да знае што се случува”, објави Героски пред полноќ.





