Министерот за здравство Беким Сали објави на фејсбук дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот „трикафта“, за осум пациенти со цистична фиброза



За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт Трикафта. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден, објави министерот Сали на Фејсбук.

Вчера почина најтешко болниот пациент од цистична фиброза во земјава, Благојче Илиевски.

Во неговата последна изјава, Благојче изрази надеж дека ќе биде во групата од осум пациенти кои се во најтешка здравствена состојба.