Ознаката НМК ќе ги чини граѓаните 11 милиони евра

Промената на регистарските таблички во текот на годинава со ознака НМК наместо досегашната МК ќе ја платат граѓаните во државната каса. Оваа обврска за граѓаните произлегува од Преспанскиотдоговор кој државата го потпиша со соседна Грција на 17 јуни 2018 година за промена на името во Република Северна Македонија, по што се овозможи влез во НАТО.



Овој договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година, што значи дека личните документи, патните исправи и регистарските таблички треба да бидат сменети до 12 февруари 2024 година.

„Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК“, пишува во Преспанскиот договор.

До вкупната сума од најмалку 11 милиони евра, кои ќе паднат на грб на македонските граѓани, се доаѓа ако се помножи бројот на возила со износот кој треба да го платат граѓаните за да купат само пар регистарски таблички, кои за еден автомобил кои чинат 1.200 денари.

Линк до целиот текст на РЕС.МК.