Беким Сали, вели дека Министерството за здравство на чие чело е, не припаѓа меѓу најодговорните институции за смртта на Благојче Илиевски од Битола, кој три години чекаше да го добие лекот „трикафта“ што власта ветуваше дека ќе го набави.
„Јас изразив сочувство до Асоцијацијата на болни од цистична фиброза и тие ја знаат мојата спремност за решавање на тој проблем, кој беше наталожен од други фактори, а не од Министерството“ одговори министерот Беким Сали на новинарско прашање.
Според него Министерството не ги купува лековите, рече Сали и додаде „ние навремено пријавивме и побаравме поддршка од Владата и од Министерството за финансии … а имавме и барање до Фондот за здравство позитивно да одговори на тоа барање за третман на тие пациенти.
Тој информираше дека за денеска е најавена седница на управниот одбор на која со реорганизација Фондот за здравство ќе додели дополнителен Буџет на Клиниката за педијатрија за да може да се обезбеди лекот „Трикафта“ за пациентите кои се во критична состојба.
Во моментов во земјава осум пациенти со цистична фиброза се во тешка состојба и уште 22 се веќе во фаза на средно тешка состојба.







