Екипите за итни случаи кои работеле цела ноќ во градот Антакија успеале да извлечат девојчо од урнатините и два часа подоцна да го спасат нејзиниот татко.
И во Дијарбекир, источно од Антакија, спасувачите спасија повредена жена од урната зграда во раните утрински часови, но покрај неа во урнатините биле пронајдени три лица мртви, јави новинската агенција DHA.
Спасувачи велат дека сега кога поминаа 72 часа – време во кое луѓето најверојатно можат да бидат спасени – екстремно студените услови ја намалуваат веројатноста дека повеќе луѓе ќе преживеат.
Бројот на загинати во Турција во текот на ноќта се искачи на 12.873, соопшти тамошната агенција за катастрофи. Последната бројка од Сирија е 2.992.
Со тоа вкупниот број на загинати се искачи на 15.865.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.






