На денешен ден пред пет години беше отстранета оградата околу Владата која беше поставена од страна на пресдодната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Оградата беше отстранета по доаѓањето на власт на СДСМ и премиерот Зоран Заев според кого Владата е на сите и треба да биде отворена за сите граѓани.
Од отсранувањето на оградата која чинеше 700 евра Владата наместо со железна, најчесто е опколена со полициска ограда.
Зошто владата ја тргна убавата челична ограда и постави рѓосана полициската ограда која ја има истата цел граѓаните да не можат да влезат во дворот на владата, од СДСМ и ДУИ не кажуваат.
Официјално според владата „Полициската ограда служи за безбедносни потреби при одржување на јавни собири”.
Оградата сѐ уште се чува во магацинот на касарната „Илинден“ во Скопје.
„Оградата која порано ја оградуваше Владата се чува во магацински простор во касарната „Илинден“ во Скопје. Кога ќе има одлука околу понатамошна намена, благовремено ќе ја известиме јавноста“, посочи пред неколку години Владата.
Оградата грижливо и соодветно се чува во магацински простории, бидејќи за неа се потрошени пари од Буџетот на државата. Секоја година таа се попишува како основно средство, објаснуваат од владата за украсната ограда која беше заменета со полициски огради.









