Движењето за слободна Швајцарија (ФБС) собрало 111.000 потписи за распишување на референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат „за“ или “против“ укинувањето на плаќањата во готовина.
Електронските плаќања за трансакции ѝ олеснува на државата да ги следи постапките на своите граѓани.
Но, ФБС бара додадена клаузула во швајцарскиот валутен закон, со кој се уредува како централната банка и владата управуваат со паричната маса, пропишувајќи дека „доволно количество“ банкноти или монети секогаш мора да остане во оптек.
Потребни се над 100.000 потписи за да се активира народното гласање. Според швајцарскиот систем на директна демократија, предлогот ќе стане закон доколку гласачите го одобрат на референдум, иако владата и парламентот ќе одлучат како тој закон се спроведува.
„Јасно е дека ослободувањето од готовина не само што допира прашања за транспарентност, едноставност или безбедност туку носи и огромна опасност од тоталитарен надзор“, рече претседателот на ФБС Ричард Колер на веб-страницата на групата.






