Катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе низ Турција и Сирија доведе до поместување на земјата за 3 метри, тврди експерт.



„Она што го нарекуваме Арапска плоча се движела околу 3 метри во правец североисток-југозапад во однос на Анадолската плоча“, вели професорот Карло Дољони, претседател на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, пренесува „Факултети.мк.

Зборуваме за континуирано движење, рамнината на раседот е прилично наклонета и за време на настанот забележуваме хоризонтално поместување на двете страни на раседот. Со други зборови, како Турција да се преселила на југозапад“, додава професорот.