Две деца се спасени по 36 часа од урнатините на северот на Сирија.
Си-Ен-Ен објави дека се појавија снимки на кои се гледаат спасувачите се обидуваат да влезат под урнатините на куќаа во Беснаја-Бсеинех, мало село во близина на Харам во Сирија, додека се обидуваат да најдат безбеден начин да ги извлечат децата.
Им велат да бидат силни и да не плачат.
Девојчето се вика Маријам и нежно ја гали косата на својот помал брат додека лежат згрчени во нешто што личи на остатоци од кревет. Братот се вика Илаф, по нивниот татко.
„Спаси ме одовде, ќе направам се’ за тебе“, му шепоти постарото дете на спасувачот. „Ќе ти бидам слугинка“, вели таа.
Спасувачот одговара: „Не, не“.
Во текот на вчерашниот ден светот го обиколи снимката од штотуку родено бебе спасено од под урнатините во земјата.
Неодвоената папочната врвца со мајката, е доказот дека мајката за време на земјотресот го родила бебето. Тоа е во добра здравствена состојба, но неговата мајка за жал починала веднаш откако на свето го донела малото девојче.






