Деветте државјани на Македонија кои силниот земјотрес во Турција ги затекна во југоисточниот дел на земјата го напуштиле подрачјето загрозено од потресот и се на пат кон Анкара, соопшти утрово Министерството за надворешни работи.
Станува збор за осум ученици, средношколци од Гостивар, а дел од нив доаѓаат од поширокиот регион на Маврово и Тетово.
Тие заедно со заедно својот ментор/наставник преку програмата „Еразмус плус“ престојувале во градот Кахраман Мараш во Турција.
Според планот, учениците и нивниот ментор/наставник од Анкара ќе бидат префрлени и сместени во Истанбул од каде што утре треба да тргнат назад во земјава.
Меѓу нив се и двата ученика кои беа повредени во земјотресот и кои, како што информираат од МНР, се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро.







