Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека загубите на Русија поради ембаргото на Европската унија за испораките на нафта се очекува да бидат речиси 300 милиони евра дневно.
„Руската нафта се продава за 40 долари поевтино од суровата нафта од типот Брент, а дневните приходи од енергијата на Русија се очекува да паднат од 800 милиони евра на 500 милиони евра откако нашите најнови мерки ќе стапат на сила овој месец“, нагласи тој.
На 5 февруари стапија на сила санкциите на некои земји против испораките од Руската Федерација – ЕУ го забрани увозот на руски нафтени деривати, а европските земји и земјите членки на Г-7 поставија плафон за цените за нив.
Одлуката на ЕУ за ембарго и на нафтените деривати и на нафтата беше донесена летото.
Нафтените санкции стапија на сила на 5 декември, а санкциите за гориво два месеци подоцна.







