Судењето за случајот „Ласкарци“ се одложи откако во
Основниот кривичен суд Скопје денеска го одложи судењето за случајот со сообраќајната несреќа кај Ласкарци во која згинаа 16 лица при превртување на автобус на „Дурмо Турс“.
Причина, вештото лице Зекирија Зекири, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното рочиште.
На претходната расправа, јавниот обвинител Дарко Јакимовски го испрашуваше вештото лице Зекирија Зекири за околностите утврдени во машинското супервештачење.
Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото.
Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.
Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.







