Министерот за надворешни работи на Бугарија разјасни какви се плановите на Софија со „Бугаринот“ Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид, откако вчера министерот за внатрешни работи изјави дека е подготвен да му обезбеди полициска заштита по излегувањето од болница.



Од своја страна, министерот за надворешни работи Николај Милков рече дека бугарското МНР на Пендиков ќе му обезбеди стан и месечен надоместок.

За настаните на 4-ти февруари министерот оценува дека „дејствијата на македонската држава во врска со неприемот на одреден број бугарски државјани на територијата на РСМ на 4 февруари, денот на кој му оддаваме почит на големиот револуционер Гоце Делчев, беа однапред испланирано сценарио…

Не можеме, а да не констатираме со жалење дека обидите за смирување на односите беа поткопани со некои конкретни постапки на властите во Скопје, кои не дозволија одреден број бугарски граѓани да му оддадат почит на случајот со Гоце Делчев“, изјави Милков.

Тој уште еднаш го осуди апсењето на тројца Бугари на граница, подготвен е да им пружи помош на настраданите доколку се жалат на мерката пред меѓународните судови, но прво, сепак, набрзина објавените казни треба да се обжалат во македонскиот суд, зашто, според него, немало забрана за сликање на граничните премини, врз основа на што се уапсени Бугарите на Деве Баир.

Николај Милков изјави дека Бугарија ќе излезе со „ одговор без преседан“ доколку се случат такви „невидени акции“ од страна на Скопје во иднина, но засега не се подготвуваат такви контрамерки.