Стоилковски: Сега Таравари ќе влезе во влада и ќе го поправи паднатиот блок во РЕК Битола

Лагата и грабежот на СДС си даваат резултат, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за падот на еден блок во РЕК Битола.



,,Два дена со температура околу 0 и толку од РЕК Битола. Пукаат блоковите, та млинот ли е, цевководот ли е, не е важно- блокот не работи! Толку им држи на “Шампионите”, а го реновираа минатиот месец.

Нели беа во полн капацитет?
Нели требаше да се издржи зимата?
Нели “шампиони” во справување со енергетиката?

Е “нели”, ама со 18 степени среде јануари.
Само што малку застуде, отидоа блоковите.
А сетете се, зиме паѓало и -25!

Во меѓувреме, “на ангро” се увезува!

Прогнозите покажуваат дневна минусна температура до крај на неделата. Дали следен за пад е Блок 2 или Блок 3 ?

Во меѓувреме и Бочварски стана дел од кластерот во владата за увоз на струја.

*Еве сега Таравари ќе влезе во влада и ќе го оправи Блокот!”, пишува со доза на иронија Стоилковски користејќи го хаштагот #СДСникогашповеќе.

Предходно повеќе медиуми објавија за пад на едниот блок во РЕК Битола.