Утрово Турција беше погодена од два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.



Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.000, а десетици илјади се повредени.

Турција распореди повеќе од 24.400 луѓе за пребарување и спасување на погодените од земјотресот. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани.

Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Владата потврди дека се урнати 5.775 згради.

АП јавува дека се примени 11.342 пријави за урнати згради, но само 5.775 од тие извештаи се потврдени.