Официјалниот број на загинати во земјотресот што утрово ги погоди Турција и Сирија, според последните информации се искачи на 1.290, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.



Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија, покажуваат првичните податоци.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата, на околу 60 километри од сириската граница.