Претседателот на државата, Стево Пендаровски изрази жалење и сочувство до семејствата на сите настрадани од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.



„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам брзо закрепнување“,објави претседателот на Фејсбук.

СТотици загинати и илјадници повредени и исчезнати е стравичната бројка по земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата што утрово во 04:17 часот по локално време ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија.