Тешка сообраќајна несреќа во која е потврдено дека има едно загинато лице, се случи утрово кај местото Три Чешми на патниот правец Штип-Миладиновци.



Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова за МИА потврдува дека несреќата се случила меѓу товарно возило и авгомобил.

На местото на несреќата се екипи на Итна медицинска помош, Противпожарната единица и Полиција, по што ќе се изврши и увид за причините на несреќата.

Од АМСМ известија дека сообраќајот на автопатот Штип – Миладиновци е во прекин. 

„Утрово од 05:35 часот поради сообраќајна несреќа во прекин е автопатот Штип-Миладиновци. Во сообраќајната несреќа има и загинати лица“, информираат од АМСМ.