Во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што утрово ја погоди јужна Турција, загинаа стотици луѓе, а илјадници се повредени.



Се стравува дека бројот на жртвите може да се искачи над илјада…

Земјотресот беше почувствуван низ поголем дел од земјата и неколку земји во регионот, вклучително и соседните Сирија, каде има и жртви.

Според USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.

Земјотресот ги фати луѓето на спиење. Телевизиските снимки покажаа шокирани луѓе во пижами како стојат во снегот додека спасувачите копаат низ урнатините од куќите.