Пратеничка до лидерката на ЛДП: Зошто сте дел од системот кој го напаѓате

На пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајковска не и е јасно зошто лидерката на ЛДП Моника Зајкова вели дека системот во Македонија не функционира а таа сепак е дел од владата која го контролира системот.



,,Колешке Зајкова, Вие сте системот!
Кога веќе јавно велите дека не функционира, зошто уште го поддржувате и сте дел од истиот?!
Има нешто”, прашува зачудената пратеничка 🤔.

Предходно Зајкова изјави дека младите во Македонија сакаат да ја напуштат земјата затоа што системот не функционира.

Зајкова е лидер на ЛДП која е дел од владината коалиција.