Денес, сосема очекувано од вакви ликови од соседната ни Бугарија, добив нова закана под мојот пост на LinkedIn – во која ова лице се заканува на цела Македонија. МНР и МВР – вие сте на потег!

Бугарски граѓанин се заканува со напади со авиони врз Македонија под објава на Линкедин на директорот на Канал Пет телевизија, Иван Мирчевски. Извесниот Павел Македонски во реплика под постот на Мирчевски во кој комуницира со министерот Османи, вели дека „следниот пат друг вид авиони ќе долетаат од Бугарија“. Во својата реакција Мирчевски бара МВР и МНР да го пронадат лицето и да го санкционираат.
Во продолжение целиот текст на директорот на Канал Пет телевизија:
Како директор на Канал 5 ТВ, никогаш сум немал, ниту пак ќе немам FB , Twitter, Insta и други профили на вакви мрежи. Единствена социјална мрежа која е позната по својата бизнис и професионална ориентација е LinkedIn.
За жал, и таму се појавуваат Бугарски неофашисти и асимилатори кои коментираат под моите козерии/сатирични текстови , кои често пати се на граница на сериозна закана.
Денес, комуницирајќи со министерот Османи за еден случај со сегашниот, актуелен амбасадор на Бугарија во Македонија, Ангелов, добив сериозна закана за сите граѓани на Македонија од еден бугарски лик, кој го објавувам овде.
Во мое лично име, но и во име на сите медиумски работници и граѓани на Македонија, БАРАМ од МНР и МВР да се пронајде ова лице и соодветно да се санкционира.
Нема потреба да ви го толкувам постот на овој лик кој се претставува како „ПАВЕЛ МАКЕДОНСКИ“…станува збор за класична закана дека следниот ангажман на бугарски авион нема да биде патнички или владин, туку воен!
Уште еднаш – МНР и МВР, очекувам да ја известите официјална Софија и слободно да и порачате дека сум подготвен да дојдам во било кое време, воениот авион да го срушат врз мене лично – порачува директоротт на Канал Пет, Иван Мирчевски.






