Министерот за земјоделие Љупчо Николовски го откри името на полицискиот службеник за кој бугарски радикали нудат парична награда.
Николовски го откри името откако претседателот на бугарската фондација ,,Македонија, Виктор Стојанов понуди 200 евра на тој што ќе му го открие идентитетот на полицаецот.
Полицаецот предходно имаше инцидент со бугарски радикали кои сакаа да влезат во Македонија за да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев во Свети Спас.
,,Ние македонците сме гостопримлив народ. Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден.
Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите.
Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко.
Ние сме пример за мултикултурализам, за европските но и цивилизациски вредности и идеали на македонскиот великан Гоце Делчев!”, напиша Николовски откривајќи го името на полицаецот.






