Претседателолт на државата Стеово Пендаровски, собраниска делегација, премиерот Ковачевски на чело на владина делегација, утрово пооложија цвечќе и се поклонија на гробот на Гоце Делчев во Црквата Свети Спас.



Собраниска делегација прва положи цвеќе на гробот во црквата Св. Спас, по што пред саркофагот на македонскиот револуционер се поклони шеефот на државата, Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевскиво друштво на првиот вицепремиер Артан Груби, ја предводеа владина делегација во Црквата Свети Спас каде со највисоки почести денеска ќе се одбележи годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Пристигнаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, првиот човек на ДС, Павле Трајанов, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан…

Бугарска делегација предводена од В.Д. министерот за внатрешни работи Демерџиев, исто така се очекува да се појави на настанот.