Во текот на ноќта на повеќе локации во Скопје се случила ,,Герила акција” на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ со порака: ,,Власта го предаде Делчев, народот не го дава”.
Герила акцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во која порачуваат дека власта го предаде Делчев, но дека народот не го дава, се случува во пресрет на тензичното одбележување на 4 февруари роденденот на Гоце Делчев каде се најавени делегации од Бугарија кои треба да се поклонат на гробот на народниот херој.
За ВМРО-ДПМНЕ оваа акција е реакција на предавствата на власта и дозволата за бугаризација на македонската историја и националниот идентитет.





















