Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара властите да соопштат кои се тие странски агентури кои шират антимакедонска пропаганда во Македонија.
„Недозволиво е Пендаровски и Ковачевски да молчат, откако самиот Пендаровски по Советот за безбедност, дека странски агентури негативно влијаат на односите со Бугарија, ширејќи говор на омраза и негација за македонската нација, јазик и историја. Кои странски агентури работат на штета на Македонија и шират говор на омраза, Пендаровски да излезе и јасно да ги каже, спротивно ги девлавира институциите, и оддава впечаток дека зборува без аргументи или дека и самиот работи за странски агентури.
Пендаровски и Ковачевски не прават ништо за адекватно да реагираат на провокациите кон Македонија. Власта првин зборува едно, а потоа прави сосема друго, свесно наштетувајќи и на државата.
Власта крие и од каде се финансираат бугарските здруженија, кои креираат говор на омраза и ја негираат Македонија.
Финансиските институции под владата требаше до сега да го истражат потеклото на парите и да ги информираат граѓаните, но и да преземат адекватна реакција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.







