На Гинекологот Мухамед Асани, струшкиот Основен суд му изрече условна казна за давање здравствени услуги во нелегална ординација во неговата куќа, меѓу кои и на родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи.
Гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.
Со пресудата не му е изречена забрана за вршење дејност.
Гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и ДЗСИ поднесе кривична пријава.
Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен, јавува Плусинфо.







