Новоформираната „Техно Енерџи“ која ќе произведува струја од фотоволтаици, ќе биде управувана од Венцислав Бочварским, татко на актуелниот министер за транспоорт и врски Благој Бочварски.



Министерот Бочварски за Сител го потврди основањето на фирмата.

„Имајќи предвид дека цел регион се наоѓа со енергетска криза која силно влијае врз ликвидноста на компаниите, секоја компанија бара начин како да ги намали своите трошоци во овие услови на енергетска и економска криза. Во овој момент јас како министер за транспорт и врски, не носам одлуки за инвестициите во компании кои се во сопственост на моето пошироко семејство“, вели министерот Бочварски за Сител.

Сопственик на фирмата е претпријатието „ТехноИнвест Штип“, кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Барањето за основање е поднесено на 10-ти овој месец, а регистрацијата е заведена пред 4 дена.

Почетниот влог за работа изнесува речиси половина милион денари.