Лионел Меси одбил понуда од Манчестер Сити кој изненсувала 50 милиони евра годишна плата и плус бонус за самиот трансфер од 100 милиони евра. Ова го пишува шпанска Марка и потенцира дека идејата кај сопственикон на „Граѓаните“ шеикот Мансур се појавила кога Аргентинецот оддолжувал со потписот на нова обврска со Барселона, а договорот истекува за шест месеци. Меси од Каталонците има понуда од 40 милини евра по сезона, но се уште не парафира, а многумина се подготвени да тврдат дека фудбалскиот магионичар ќе добие многу повеќе од споменатите суми од Блау Грана.