Одговарајќи на новинарско прашање колку бугарски државјани се очекува дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев на 4 февруари, премиерот Димитар Ковачевски рече дека сите бројки, односно тоа што можат да го претпостават безбедносните служби на двете држави – се разменуваат.



„МВР се придржува до Законот за странци, каде постои одредба според која граѓанин на друга држава што претставува опасност може да не биде пуштен да влезе во државава“, рече премиерот.

Тој повтори дека МВР со одлука на Влада е задолжено да го обезбедува настанот, односно да обезбедат мирно чествување и изрази уверување дека тоа и ќе го сторат.

„МВР согласно законот и процедурите ќе постапи во насока на обезбедување мирно одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев“, рече Ковачевски.

Пред неколку дена Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан дали ќе му биде забранет влез на авропратеникот Ангел Џамбаски да присуствува на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, рече дека за тоа ќе се одлучело – на 4-ти февруари.