Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ има неизвршување на законски надлежности од страна на Министерството за правда и Централниот регистар.
Тие биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон.
„Во петокот поднесено е барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчевски и барање за поведување на прекрошчна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателтот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендевска во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
Бендевска вели дека во мислењето на Комисијата за спречување дискриминбација се наведени сите можни закони кои се прекреши како и меѓународни инструменти кои Република Македонија ги има ратификвауно и се дел од уставниот поредок.
Мислење за ликот и делото за Ванчо Михајлов, по барање на Комисијата изготвил копретседателот на Комисијата за историја со Бугарија, Драги Георгиев, според кого Михајлов е фашист и негативен лик.
Пријавата за недејствувањето на Министерството е заснована и на мислењето на проф д-р Борче Давитковски, кој потврдува дека Министерството не постапило како што треба.







