„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДСМ , Филип Андов `Сокол`. откако Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем“- предупредуваат од партијата
„Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија.
Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност од Филип Андов – Сокол и од Тупанчевски?
Затоа потребна е оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш“ стои во партиското соопштение.






