„Руско влијание“ во владин спот за „успесите“ лани со фискална сметка од Русија?!

На Владата на Димитар Ковачевски, кој заедно со своите министри постојано предупредуваат за руско влијание во Македонија, ѝ се случи токму тоа – во промотивното видео за конференцијата „Година на нови можности“ ѝ се поткрадна руска фискална сметка?!



„Имаше таква секвенца, јас не би им замерил…, односно ајде и да им замериме…, меѓутоа ако некој работи и направи грешка, луѓето што работеле на видео продукција и искористиле снимка којашто ја монтирале во видеото, сметам дека, еве јас, можам да дадам одредено извинување во име на тие коишто професионално работат на монтажа на видеа“, изјави премиерот.