Пратставници на мекедонските Бугари, неделава во Брисел ќе имаат средба со еврокомесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, а причина за средбата е наводната континуирана институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив во Република Македонија, дознава БГНЕС.
Средбата со Вархеи доаѓа по претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид кој моментално се лекува на ВМА во Софија.
Македонските Бугари во писмо до еврокомесарот, го информираат дека во нивната татковина Македонија нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.
„Искрено се надеваме дека дијалогот со Вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото, јавува БГНЕС.
Во делегацијата ќе учествуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.






