Кремљ го нарече Борис Џонсон лажго и ги негираше тврдењата на поранешниот британски премиер дека Владимир Путин му се заканил дека ќе го убие со проектил во телефонскиот пред почетокот на руската инвазија на Украина.



Џонсон: Путин ми се закани со ракетен напад

Поранешниот премиер тврди дека рускиот лидер му рекол: „Не сакам да те повредам, но со проектил, тоа ќе потрае само една минута“ во „вонреден“ разговор што се одржа во февруари откако тој го посетил Киев, објави „Скај њуз“.

Портпаролот Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека она што Џонсон го рече не е вистина, или дека е „поточно, лага“.

„Немаше закани со проектили“, рече Песков.

„Тоа е или намерна лага – па мора да го прашате г-дин Џонсон зошто избрал да го каже тоа така – или тоа е несвесна лага и тој всушност не разбрал за што зборува Путин со него.

Песков рече дека претседателот Путин му рекол на Џонсон дека ако Украина се приклучи на НАТО, тоа би значело дека американските или НАТО ракетите поставени во близина на границите на Русија ќе можат да стигнат до Москва за неколку минути и посочи дека можеби имало недоразбирање.

„Ако така е разбрано ова (овој пасус), тогаш тоа е многу непријатна ситуација“, додаде Песков.

Џонсон, кој стана клучен поддржувач на администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во месеците по инвазијата на Русија, го искажа ова тврдење како дел од новата серија на Би-Би-Си 2, која се занимава со тоа како Западот се справувал со Путин во годините пред војната.

Поранешниот премиер потсети дека при посетата на Киев го предупредил Путин дека инвазијата на Украина ќе биде катастрофална и дека ќе има построги западни санкции кон Русија ако го стори тоа.