Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП!

Вечерва во „Теле2 Арената“ ќе се одигра големото финале на ракометното Светско првенство, во кое Данска ќе брка хет-трик и трето последователно злато, овојпат против Франција



Ракометно дерби од овој ранг привлекува внимание, па Светската ракометна федерација (ИХФ) знае дека сè мора да биде на врвно ниво, па така и судискиот пар. Светската ракометна куќа им укажа огромна чест на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои беа делегирани да ја делат правдата во големото финале меѓу Франција и Данска. 

Македонскиот судиски пар е во „кремот“ на ракометните судии, влегуваат во тесната група најдобри на светот, а вечерва ќе го судат првото мундијалско финале. Досега во својата кариера Начевски и Николов суделе многу натпревари, меѓу нив и финалињата на Европското првенство во 2020 година, како и финалниот натпревар на Олимписките игри во Токио. ЕХФ и ИХФ редовно ги делегираат македонските арбитри за големите дербија, па така беше и овојпат. 

Финалето на Мундијалот ќе се одигра вечерва во Стокхолм, во терминот од 21:00 часот.