Ракометарите на Вардар лесно газат во победничкиот марш во СЕХА лигата. Попладнево во Скопје е и совладана Војводина со 37-22 за убедливи 9 од 9 и сигурно прво место во регионалниот шампионат. И со прометен состав во кој голгетерски лидер беше Поповски со 8 гола, црвено црните победија најмногу по заслуга на силното темпо во вториот дел кој беше добиен со 20-9.
Ние во СЕХА утре го следиме и Металург кој ќе има тешко гостување кај Цеље во средба што започнува во 19 часот.




