На фотографијата е бугарскиот премиер Милков кој ја води кампањата против Македонија
Постои збор со кој може да се објасни односот на бугарските власти кон Македонците и тој треба да се користи за да се објасни ситуацијата, вели поетот Јовица Тасевски Етернијан.
,,Треба јавно, јасно и гласно да се именуваат/оквалификуваат со вистинскиот збор/прецизен термин, дејствувањето и многубројните провокативни изјави на бугарските политичари што се однесуваат на македонскиот народ: ШОВИНИЗАМ! Бугарскиот шовинизам, сочинет од анахрони, негаторски и омаловажувачки изјави за сѐ што е самобитно македонско, неизбежно поттикнува анимозитет и антагонизам на Македонците кон Бугарија и кон бугарскиот народ”, смета Тасевски Етернијан кој смета дека со ваквиот однос на Софија под притисок се ставаат дури и тие што немаат анимозитет кон Бугарите.

,,Едноставно, со шовинистичкиот однос кон македонскиот народ, бугарските политичари денес за жал создаваат непријатели и од пријателите, односно поттикнуваат одбивност и ги преобразуваат во непријатели и оние кои немале анимозитет кон Бугарија и кон бугарскиот народ”, смета поетот.





