Најчевска: Само нашата држава молчи за Македонците во Бугарија

Деновиве кога бугарската јавност и поолитичари речлиси до хистерија го подигнуваат прашањето за правата на Бугарите во Македонија за кои плетат приказни дека се обесправени, бараат нивно впишување во Уставот, ги „спасуваат“ натепаните и паралелно им отвораат „културни клубови“ со проблематични имиња, во Македонија се молчи или малку се споменува македонското малцинство во соседната држава.



Професорката Мирјана Најчевска реагира на таквиот молк:

„Бугарскиот Хелсиншки комитет пишува извештаи за повредите на правата на Македонците во Бугарија. Вели опасно е да се изјасниш како Македонец во Бугарија.

Европскиот суд за човекови права носи пресуди во нивна корист.

Меѓународни организации известуваат.

Само нашата држава молчи.

Бугарија мора да го препознае македонското малцинство на својата територија и да овозможи слободно дејствување и афирмација на Македонците во Бугарија.

Не се работи овде за национализам туку за заштита на смислата на концептот за човекови права“.

Објава на Фејсбук на професорката Мирјана Најчевска